Патеката СПА поплавена, одложен стартот на Белгиското ГП (ВИДЕО)

184

Стартот на Формула 1 трката во Белгија е одложен поради лошите временски услови на патеката.

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез имаше несреќа при влегување на патеката, односно во таканаречениот формациски круг, што е најдобар показател колку е тешка ситуацијата за возачите.

Последните вести велат дека трката треба да стартува во 15.25 часот.

ПретходноПрв тренинг во Тампере: Одбојкарите почнаа со „мисијата“ Финска
СледноМОТО ГП: Квартараро е победник на Британското ГП