МОТО ГП: Квартараро е победник на Британското ГП

121

Францускиот пилот во Мото ГП, Фабио Квартараро е победик на Големата награда на Британија која денеска се возеше на Силверстоун. Тој ја запиша петтата победа оваа сезона и ја зголеми предноста во пласманот на возачите.

Квартараро на Јамаха вешто го извозе Британското ГП почнувајќи од третото место, па брзо го покажа сиот свој талент и успеа да се пробие до првата позиција.

„Ел Диабло“ заврши пред Алекс Ринс (Сузуки) и Алеиш Еспаргаро (Априлија) во финишот. За Еспаргаро ова беше прв подиум и за него и за Априлија во Мото ГП сезонава.

ПретходноПатеката СПА поплавена, одложен стартот на Белгиското ГП (ВИДЕО)
СледноУ21: И Димитар Тодоровски позитивен на Ковид-19