Лоренцо Лука е многу блиску до трансфер во Наполи. Новинарот Матео Морето денеска објави дека наполитанците и клубот од Удине, постигнале значителен напредок во преговорите за трансферот на 24-годишниот напаѓач.
Според него, деталите сè уште се разработуваат, но се очекува Наполи да го добие играчот на позајмица за 9 милиони евра и ќе треба да го откупи за 26 милиони евра на крајот на сезоната.
Минатата сезона во Серија А, Лука постигна 12 гола и имаше една асистенција на 33 натпревари, а летово е едно од најзвучните имиња на италијанската трансфер сцена.