Едвин Османи е ново име во составот на Струга ТЛ. Како што објавија денеска стружани, станува збор за 21-годишен фудбалер кој игра на позицијата централен бек, и ова ќе биде првпат да игра во својот роден град.
Струга Трим Лум потпиша 3-годишен договор со албанскиот фудбалер со потекло од Македонија, кој е израснат во Швајцарија.
Тој првично започнал да игра со младинскиот тим на Цирих, а подоцна се приклучил на тимови како што се Јувентус 2 и Хенг.