Завршија регуларните 90.минути од реванш мечот од 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу Шкендија и ТНС и тоа со резултат 1:1. Ова значи дека овој реванш отиде во продолженија, ако и по 2Х15 нема победник, се знае дека на првиот меч во Велс беше 0:0, патникот во следната фаза ќе го решаваат пеналите. Поразениот ќе продолжи во 2.квалификациско коло во ЛК.
Шкендија поведе со голот на Тамба во 18.минута, додека ТНС израмни на 1:1 со голот на Џ. Вилијамс во 38.минута.