Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во мечот од првото коло на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино. Поуспешен од него беше третиот носител Матео Гиганте од Италија, кој победи со 2-1 во сетови (6:7(10); 6:3 и 6:3) за 2 часа и 40 минути игра.
Ивановски по голема борба го доби првиот сет со 7:6 во тај брејкот 12:10 на поени, а притоа и двајцата тенисери имаа по неколку сет топки. Во вториот сет Гиганте успеа да дојде до предност со брејк, кој Ивановски го врати, но следуваше уште еден брејк и сетот Италијанецот го доби со 6:3 во гемови. Со истиот резултат Гиганте беше поуспешен и во решавачкиот сет за триумф од 2-1 во сетови.
Ивановски за победите во квалификациите и пласманот на главниот турнир ќе добие пет поени.
Турнирот се игра за награден фонд од 181.250 евра.