Се додека се игра во Европа во Вардар нема да има нови играчи!

2826

Откако денеска а и во минатите денови низ медиумите имаше написи дека Вардар ќе се засили со нови имиња, раководството на клубот преку својот прв човек Миленко Неделковски, излезе со официјален став:

Се додека Вардар игра во Европа не се размислува за нови имиња. Се што е излезено во медиумите е чиста шпекулација. Можеби при крајот од преодниот рок доколку се појави добра опција ќе размислуваме на таа тема“ изјави Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски.

Вардар е во Сан Марино каде се очекува да стави потврда на пласманот во второто квалификациско коло во рамките на Конференциската лига. На домашен терен нашиот најтрофеен тим славеше со 3-0.

ПретходноБелингам опериран, ќе го пропушти стартот од следната сезона!
СледноСега е и официјално: Јамал со “десетката“ во Барса до 2031! (ФОТО)