Вардар 1961 во вториот шешир , Алкалоид во третиот пред ждрепката за Европската лига

181

Вардар 1961 ќе игра директно во групната фаза во Европската лига, а дали ќе имаме уште еден претставник одговорот ќе го добиеме на почетокот на септември кога Алкалоид ќе се соочи со Хановер, најтешкиот противник.

Пред утрешната ждрепка, ЕХФ го објави шеширите, а Вардар 1961 се најде во вториот, додека пак Алкалоид – Хановер, се сместени во третиот шешир.

Лига на Европа, мажи:

Шешир 1: Фленсбург (Германија), Мелсунген (Германија), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Гранољерс (Шпанија), Фредериција (Данска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска)

Шешир 2: Нексе Нашице (Хрватска), Потаиса Турда (Романија), Фрам (Исланд), Ференцварош (Унгарија), Вардар (Македонија), Островија (Полска), Татран Прешов (Словачка), Слован Љубљана (Словенија)

Шешир 3: Кил (Германија), Тулуз (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Бенфика (Португалија), Хановер (Германија)/Алкалоид (Македонија), Скандерборг (Данска)/Мадеира (Португалија), Елверум (Норвешка)/Торелавега (Шпанија), Морс (Данска)/Сен Рафаел (Франција)

Шешир 4: Берн (Швајцарија)/Чаковец (Хрватска), Савехоф (Шведска)/Малме (Шведска), Дуго Село (Хрватска)/Сесвете (Хрватска), Баја Маре (Романија)/Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска)/Карлскрона (Шведска), Горење Велење (Словенија)/Криенс Луцерн (Швајцарија), Бидасоа Ирун (Шпанија)/Брага (Португалија), Партизан (Србија)/Карвина (Чешка).

Ждрепката е закажана за утре во Виена од 11:00 часот.

ПретходноКратовци со порака: Сакаме и можеме до убедлива победа против Дечиќ за пласман во следната рунда!
СледноИнтересна комбинација: Прво Санчо, па после може и Рашфорд