СпортСпорт во Римини, Огнен Чак Дојчиновски
Вечерва екипата на Вардар, освојувачот на Купот на Македонија во Сан Марино со почеток од 21:00 часот ќе го игра реванш дуелот од првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции против домашната Ла Фиорита.
Вардар има пред себе задача да го доврши она што го започна во Скопје, а тоа е пласманот во следната фаза, каде што чека швајцарскиот тим Лозана.
Предноста од три гола дава секако надеж за такво нешто, но овие деведесет минути вечерва се и тоа како важни и мора да се одиграат на најдобро можно ниво.
Управата на ФК Вардар и тоа како знае што значи пласман во следната фаза од секој аспект. По она што му се случуваше на клубот во изминатите години ова е целосен препород што се вели на најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија.
Токму затоа, минувањето на Ла Фиорита и влезот во второто коло за играчите на Вардар, а секако и стручниот штаб, значат 50.000 евра премија. Така функионира овој Вардар. Со награда за добро одработената задача.