Реал Мадрид ги прекинал преговорите со Вини за нов договор!

230
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Иако важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, еден од најдобрите во Реал Мадрид, сепак Винисиус Жуниор полека, но сигурно станува личност која не е омилена дури ни кај фановите на Реал, а и кај раководството на клубот.

Познато е дека неговиот договор со Реал е со важност до 2027 година, и пред извесно време и двете страни започнаа преговори за продолжување на истиот. Сепак последните информации од Мадрид велат дека Флорентино Перез, барем засега ги ставил во мирување и тоа поради барањата на Бразилецот.

Вини барал најмалку 30 милиони евра годишна плата, плус бонуси и јасно е дека барал и бонус за потпис. Со ова тој би станал најплатениот фудбалер на Реал.

Сега после се веројатно Дон Флорентино сфаќа дека погрешил кога пред неколку месеци не го продаде во Саудиска Арабија за 300 милиони евра.

ПретходноМанчестер Сити потпиша со тинејџер од Розенборг
СледноЕХФ Европска лига: Вардар против Кристијанштад, Тулуз…, Алкалоид ако ги мине Хановер, во група со Фредериција, Татран…