Чолаковски: Среќен сум што сум дел од Македонија

1246

Македонија доби нов репрезентативец во името на Стефан Чолаковски. Играчот на Мелбурн Сити, по доста потешкотии, карантини, препреки, конечно успеа да се јави на еден од повиците на Македонските селектори, и да стане дел од нашата младинска репрезентација.

Офанзивецот се стави на располагање на селекторот Драган Канатларовски и ќе биде од голема по момош за претстојните квалификациски дуели против Франција односно Србија. Момчето родено во Австралија, со корени од Битолско Нижополе, за прв пат стапнува на Македонско тло и вели дека е пресреќен што е тука.

„Искрено малку сум преморен поради временската разлика со Австралија, но сум многу среќен што сум тука. Благодарност до федерацијата што ми ја укажа оваа шанса, што ми овозможи да му дел од репрезентацијата на Македонија. Чекав извесен период да се создадат услови за да пристигнам и најважно е што сум сега тука и што сум на располагање на Македонија“ – вели Чолаковски па додава.

„За прв пат сум во Македонија. Бев во Битола да ги видам моите роднини, да го посетам местото од каде што потекнувам. И во далечната Австралија ние Македонците сме силно поврзани со нашата татковина, и цврсто си ги браниме нашите корени. За жал не зборувам добро Македонски, но што повеќе доаѓам во Македонија, тоа побргу и ќе го научам Македонскиот јазик“ – додава Чолаковски.

Тука е Метју да ми помогне да се адаптирам

Покрај офанзивецот Чолаковски, тука е и стоперот Метју Божиновски. Колос од два метри кој и тоа како ќе ни дојде добро во овие дефанзивни проблеми кои ги имаме во моментов.

„Метју веќе бил дел од репрезентацијата на тренинг кампот одржан летово, и ќе ми помогне да се адаптирам. Малку подобро зборува Македонски од мене, и тоа е голем плус“ – вели Чолаковски.

Најпрво добра минутажа во Мелбурн Сити па потоа ќе видиме

Стефан Чолаковски во моментов е дел од тимот на Мелбурн Сити, најдоброто што фудбалска Австралија може да го понуди во моментов. Тој добива минутажа, ја користи истата, со голови и асистенции.

„Има голема конкуренција. Се работи за клуб кој има огромни амбиции, и кој е составен од екстра играчи. Имам активен договор, се борам за минутажа пред се во мојот клуб, да покажам колку можам па потоа ќе размислуваме за трансфер во друг клуб, евентуално во Европа“ – вели Чолаковски за Спортмедиа.

 

ПретходноКавани му ја препушти “седумката“ на Роналдо!
СледноДепај “тресеше“ за победа на Барса!