Се чини дека Наполи си го истера своето, а и Виктор Осимен. Имено како што вечерва пренесваат медиумите во Италија и Турција, веројатно се е готово околу Виктор Осимен. Недостасуваат само детали за да се каже дека гигантот од Босфорот ќе го откупи Нигерицот, кој минатата сезона играше за Галата како позајмен играч.
Имено и двете страни се договориле Галата веднаш да му уплати на Наполи 40 милиони евра и плус да уплати две рати од по 17,5 милиони евра во период од една година.
Инаку Осимен веќе ги има договорено личните услови со Галата, а тие се со разни бонуси цели 21 милиони евра годишно, и тоа нето.