Отако УЕФА ги одреди официјалните термини за двомечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Вардар и Лозана, познати се и судиите.
Па така за првиот меч меѓу Вардар и Лозана, кој се игра на 24 јули од 20:30 часот на Арената во Скопје, одредени се судии од Чешка. Главен е Доминик Стари, кој има само 32 години и е од 2023 со амблемот на ФИФА и важи за еден од најаталенрините судии во Чешка.
Негови помошници се Јан Патак, Лукас Славичек и Јан Махалек.
Што се однесува до Вардар, нашиот најтрофеен тим во понеделник нешто после 14 часот ќе го дознае својот следен ривал, се разбира ако ја мине Лозана, во тоа трето коло од квалификациите во Лигата на Конференции.