Лозана со пораз на генералката пред Вардар

249
FOTO LAUSANNE X

Освојувачот на Купот на Македонија и нашиот најтрофеен фудбалски колектив, тимот на Вардар в четврток го игра првиот меч од второто квалификациско коло од квалификациите за Лигата на Конференции, против екипата на Лозана од Швајцарија. Дуелот стартува од 20:30 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, а реваншот е недела дена подозна на 31. јули во Швајцарија.

Во таборот на Вардар веќе се и повеќе од воиграни летово. Минат е првиот противнит на меѓународна сцена, тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, а сега е на ред Лозана.

Овој пак, тим сеуште нема одиграно официјален меч, летово туку на менито беа само пријателски мечеви.
Последниот од нив, оној пред дуелот со Вардар во Скопје, е одигран вечерва во Ленс, Франција, каде што Лозана загуби во двете полувремиња од по шеесет минути од тимот на РВДМ Брисел со конечни 2:4.

Она што е многу важно да се напомене е дека овој дуел многу веројатно е одигран со предзнакот затворен карактер.

Добро е да се знае дека противникот на Вардар, кој не е ни малку наивен и е сериозно квалитетен влегува во првиот дуел со пораз и веројатно неколку неодговорени прашања што не чини во играта пред настапот на Арената в четврток.

 

ПретходноНека му ја мисли Реал: Уф, каков страшен напад Барса ќе има во следната сезона!
СледноДе Брујне официјално претставен во Наполи