Со одличните игри во тимот на Њукасл, Александер Исак го привлече вниманието на многу клубови кон себе, а челниците на Ливерпул покажаа најголем интерес.
Њукасл побара најмалку 100 милиони евра за својот напаѓач, а Ливерпул одби да ја плати оваа цена за него и се сврте кон други опции.
Италијанскиот специјалист за трансфери Николо Скира известува дека Ливерпул завршил сè со нов напаѓач. Станува збор за Уго Екитике, за кој се вели дека завршил сè и во наредните денови ќе биде претставен како нов играч на тимот од Енфилд.
„Работата е завршена и потврдена. Иго Екитике од Ајнтрахт оди во Ливерпул за 94 милиони евра. Бонусите и даноците се вклучени во оваа цена. Договорот ќе биде потпишан до 2030 година со опција за 2031 година“, тврди Скира.
Екитике прво пристигна во Ајнтрахт како позајмен од ПСЖ, а потоа челниците на клубот го откупија неговиот договор минатото лето за околу 17 милиони евра.
Екитике има вкупно 64 настапи за Франкфурт откако пристигна во јануари минатата година, постигнувајќи 26 гола и додавајќи 14 асистенции.
Тој потекнува од Ремс, од каде што се пресели во ПСЖ во летото 2022 година, но таму не играше многу.
Интересно е што Екитике беше поврзуван и со Њукасл бидејќи го гледаа како замена за Исак доколку Швеѓанецот го напушти клубот, но сега е сè појасно дека тоа нема да се случи.
Значи, откако го доведоа Вирц за 150 милиони евра, Ливерпул потроши речиси 100 милиони повеќе за нов напаѓач.