Тимот на Работнички летово беше еден од нашите евро претставници, а „Романтичарите“ за жал го завршија настапот во квалификациите за Конференциската лига уште во првото коло со поразот од белорускиот тим Динамо.
Сега, Работнички е посветен единственото на подготовката за новиот шампионат, а пеколните скопски горештини денеска тимот ги „избегнува“ со ладење во базен.
„Team bilding“ одлично организиран од страна на клубот, ќе им овозможи на играчите опуштање од напорните тренинзи за време на подготовките летово, и нормално од понеделник повторно во „погон“.