Тијаго Силва призна дека одлуката на челниците на ПСЖ да го потпишат Серхио Рамос го направила навистина тажен.
Тијаго Силва призна дека одлуката на челниците на ПСЖ да го потпишат Серхио Рамос го направила навистина тажен.
Бразилецот минатата година го напушти Париз, клубот не му понуди нов договор бидејќи бил стар.
„Немам ништо против Рамос, но истите години му понудија договор кога мене ми кажаа дека сум престар. Ова ме растажи многу. Во Париз поминав осум години и многу придонесов за победите и титулите, како и за нивото на кое сега се наоѓа клубо“, изјави Силва.
Тој му посака многу трофеи на ПСЖ.
„На ПСЖ му посакувам се најдобро, сакам да освојува трофеи, но уште еднаш ќе кажам можеа да постапат на друг начин и затоа сум малку тажен“.