Слот ги откри причините зошто во составот ги немаше Диас и Дарвин на денешниот меч со Милан!

110
ФОТО: FC Liverpool/FB

Ливерпул денеска во пријателски меч беше поразен од Милан со 2:4, одигран во Јапонија. Сепак по мечот најинтересно беше прашањето до стратегот на “Редси“, Арне Слот зошто во тимот не беа Луис Диас и Дарвин Нуњес.

Откако се виде дека ги нема во составот веднш се појавија шпекулации дека Ливерпул веќе не смета на нив:

Да, за Лучо може да се каже дека не беше во составот поради неговата неизвесна иднина во нашиот клуб. Тој тренира вредно со нас, но јас не сум тој што може и треба да говори на оваа тема. Што се однесува до Дарвин тој е повреден и затоа не сакавме да ризикуваме со него. Решивме тој да го прескокне овој натпревар“ потенцираше Слот.

ПретходноДефанзивецот на Аталанта ги скина вкрстените лигаменти
СледноРеал нема да го моли Вини за нов договор, ако не сака Бразилецот тогаш следното лето ќе има мега – трансфер на “Бернабеу“!