Струга ТЛ го декласира Скендербег, Компаоре со хет-трик!

368

Уште едно добро издание на Струга Трим Лум во текот на овие подготовки. Вечерва во Корча, некогашниот шампион на Македонија, во пријателски натпревар успеа со 4:0 да го победи тимот на Скендербег.

Одличен настап имаше Компаоре кој постигна хет – трик, а гол даде и Хамза.

Тимот на Бледи Шкемби покажа дека е во добра форма и дека максимално подготвено ќе го дочека стартот на сезоната 2025/26.

Инаку и на овој меч Шкемби, посебно во последната фаза од ова пријателска средба им даде шанса на повеќе свои играчи со целда ја провери моменталната форма.

ПретходноМакедонија повторно ја победи Швајцарија!
СледноИвановски: Сите имаме напредок, Алкалоид високо цели во новата сезона