Браво Андреас: Трајковски со бронза на Балканијадата во Волос!(ФОТО)

119

Одлична вест ни доаѓа од Волос. Андреас Трајковски со бронзен медал во скок во далечина од Балканијадата за сениори во атлетика!

Уште еден голем успех за Андреас Трајковски, со што ја потврдува одличната форма која ја има оваа сезона.

Денес во Волос во Грција се одржа Балканијадата за сениори каде во силна конкуренција Андреас го освои бронзениот медал со скок од 7 метри и 77 сантиметри остварен во последната серија.

Златниот медал му припадна на Милтиадис Тентоглу од Грција, актуелен Олимпсики, Светски и Европски првак, со скок од 8 метри и 7 сантиметри, додека сребрениот медал го освои Божидар Сарабујуков од Бугарија, актуелен Европски првак во сала, со скок од 7 метри и 90 сантиметри.

Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7.77 метри против Милтос Тентоглу. Со подобри услови, денес беше можно и 8 метри.“, изјави Андреас после овој огромен успех.

Да потсетиме оваа година Андреас беше финалист на Европското првенство во сала во скок во далечина каде го освои 8 место во Апелдорн (Холандија), а пред еден месец го освои првото место на Европското еипно првенство во Марибор (Словенија).

ПретходноЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството
СледноГоран Андреевски: Како селектор нема да барам никакви оправдувања за лошата игра