Победа на тимот на Флик: Рашфорд заигра за Барса, Барџи на своето деби постигна гол! (ФОТО)

213
ФОТО: FC Barselona/X

Денеска во Кобе (Јапонија), Барселона го одигра својот прв подготвителен пријателски натпревар во пресрет на претстојната 2025/26 сезона. Славеше над домашниот состав со 1:3,но сепак и покрај тоа што настапија сите ѕвезди, тимот на Ханси Флик не дојде така лесно до победата.

Во 33.минута Ерик Гарсија донесе водство од 0:1, за да цо 42.минута Мијаширо израмни на 1:1.

И така беше се до 77.минута кога Рони Барџи во својот деби настап го постигна првиот гол за Барса и донесе водство од 1:2. Потоа Фернандез со гол ги постави конечните 1:3 за каталонскиот гигант, кој има само 17 години и ова за него беше деби настап за Барса и прв гол за првиот тим. 

Дебитираше и Маркус Рашфорд, кој имаше и шанси за гол. Влезе во игра во 46.минута место Рафиња, а излезе од теренот во 78.минута.

ПретходноТрансфери: Митровиќ пред потпис со Њукасл, Жоао Феликс прави трансфер во Саудиска Арабија!
СледноГоран Станиќ: Со Масар Омерагиќ се договоривме за две минути! (ВИДЕО)