Оскар Пјастри од Мекларен е победник на трката за ГН на Белгија која се возеше на легендарната патека Спа. Веднаш да кажеме дека оваа трка место во 15 часот започна во 16:20 поради силните врнежи од дожд. Немаше вообичаен старт туку тоа беше “летечки старт“, а првите четири кругови се возеа зад безбедносното возило.
Сепак трка имаше и беше и тоа како интересно, но не и толку спектакуларно како што се очекуваше поради дождот.
Пјастри со својот Мекларен извозе совршена трка и затоа на крајот и победи.
На второ место се најде неговиот тимски колега Ландо Норис, а на подиумот имаше место и за Шарл Леклер на Ферари.
Светскиот првак, Макс Верстапен заврши на четвртото место.