„Арнаутовиќ ќе игра против Линколн, ќе видиме само колку минути ќе биде на теренот“!

129
ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Марко Арнаутовиќ, репрезентативниот напаѓач на Австрија, го исполни својот детски сон. Потпиша за Ц. Звезда и со тоа создаде еуфорија меѓу фановите на српскиот првак.

Сега сите со право се прашуваат кога искусниот напаѓач ќе го има своето деби во „црвено – белиот“ дрес.

Сите дилеми разреши Владан Милојевиќ, тренерот на Ц. Звезда на вчерашниот прес во пресрет на денешниот реванш од 2.квалификациско коло во ЛШ против Линколн од Гибралтар.

И дефинитивно Марко ќе биде во составот,односнио во протоколот, ќе видиме само колку минути ќе мине на теренот. Од фитнес – тренерот и од самиот него зависи колку минути ќе добие“ посочи Милојевиќ.

ПретходноПотврда и од ФФМ: Беса се повлекува од ВМФЛ!
СледноРоманците со два порази ќе влезат на мегдан со Македонија