Родриго не е заинтересиран за трансфер во Тотенхем!

93
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Бразилецот Родриго и дефинитивно е на излезна врата од Реал Мадрид. Иако има договор со “кралевите“ Бразилецот свесен дека и оваа сезона ќе добива помала минутажа од посакувањата, цврсто е одлучен да си замине.

Сепак за него Реал бара најмалку 100 милиони евра и малку се тие клубови кои би можеле да го платат. Пред една недела искочи вест дека за него Тотенхем бил силно заинтересиран и дека клубот од Лондон имал намера да ги плати тие 100 милиони евра само за да го донесе во своите редови.

Но, барем според пишувањето на медиумите во Шпанија, Родриго воопшто не бил заинтересиран за такво нешто, едноставно сакал да оди во поголем клуб.

Од друга страна Бразилецот има се помалку опции. Ако до пред некој ден Ливерпул беше тој што “гризеше“ за него, “Редси“ со ангжманот на Екитике и веројатно Исак, си го пополнија нападот и секако дека ни на крај памет не им е Родриго.

Се споменуваа Челзи, па ПСЖ едно време и Арсенал, но Микел Артета има супер тим надополнет со Ѓокереш во нападот.

Најизгледна опцијата е трансфер во Манчестер Сити, ама…има многу ама кога е во прашање релацијата меѓу Сити и Реал.

ПретходноСрбљак ќе игра финале во квалификациите во Куршумлијска Бања!
СледноПеп Гвардиола: “Да се вратам во Барселона како тренер? Заврши тоа засекогаш! Како претседател? Не!“