Романците најавуваат пекол за Шкендија, ама во Букурешт ќе се навива и за тетовци!

782

Вечерва од 19:30 часот во Букурешт се игра реваншот од двомечот од 2.квалификациско коло меѓу ФЦСБ и Шкендија. Познато е дека нашиот шампион има предност од 0:1 од првиот меч.

Поразот во Скопје на некогашната Стеауа во тамошната јавност беше дочекан како катастрофа, посебно ако се знае популарноста во Романија на тој клуб. Газдата Џиџи Бекали најави а потоа и ги исполни најавите, со бркање на неколку играчи, но тој скопски пораз како да ги мотивираше сите во ФЦСБ, барем така најави тренерот Елиас Хараламбус дека неговите играчи ќе го дадат и својот живот само да ја елиминираат вечерва Шкендија.

Се создаде таква атмосфера за да вечерва на трибините на Арената во Букурешт, има најмалку 35.000 фанови на ФЦСБ кои ќе и направат пекол на Шкендија.

Од друга страна најавите се дека и нашиот шампион ќе ја има поддршката од трибините. Имено ќе има најмалку 100 фанови на Шкендија кои ќе ја дадат поддршката за Бесарт Ибраими и другарите.

ПретходноВо чест на Коби Брајант: Барса го претстави вториот дрес за новата сезона!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноЧурлинов на пат за Ајнтрахт Франкфурт