Адем Мекиќ :„Знаеме дека Куманово е кошаркарски град, ќе добиеме голема поддршка“ (ВИДЕО)

75

Адем Мекиќ е еден од најискусните играчи кои ќе бидат во конкуренција за настап(и) во овој претквалификациски циклус за пласман на Светскиот Куп во 2027 година во Катар.

Во изминатиот период од подготовките беше еден од оние од кои оние „помладите“ имаа што да (по) научат, а така се очекува да биде и во оние финални неколку денови пред стартот на претквалификациската трка во која нашиот сениорски национален тим ќе се „трка“ со репрезентациите на Романија и на Унгарија.

Мекиќ говори за она што е зад тимот, периодот на подготовките, и оние две контролни средби со Швајцарија, одиграни во Гевгелија:

„За нас, два особено битни натпревари, затоа што, како што сите добро знаеме, сме една подмладена репрезентација. Со многу нови лица, млади. Спој на младост и, за жал, нешто помалку искуство. Но на наша радост, огромна енергија и желба за натпреварување и победа. Одигравме два солидни натпревари со Швајцарија. За наша среќа, бевме успешни во двата натпревари. Видовме кои ни се позитивни, а кои негативни страни, и на она што треба повеќе да обрнеме внимание“.

Свесен е за предизвиците кои следувааат, веќе од 2. август и оној меч против Романија.

„Во секој случај, задоволни сме, како работиме, како протекнаа изминатите денови, имаме одлична тимска хемија. Со големо нетрпение, со голема радост ги дочекуваме овие натпревари. Знаеме дека Куманово е кошаркарски град. Сигурни сме дека публиката ќе нè поддржи во голем број, и се надеваме на позитивен резултат“ – посакува искусниот репрезентативец.

ПретходноЛуис Дијаз и официјално во Баерн до 2029 година
СледноЛШ жени: ЖРК Љуботен на мегдан со Рунавик!