Напаѓачот на Тотенхем, Хјунг-Мин Сон, потврди дека ќе го напушти клубот. Јужнокорејскиот интернационалец ги информираше одборот и менаџерот Томас Франк за својата желба.
„Побарав дозвола да го напуштам Тотенхем. Одлуката е донесена. Дадов сè што можев и сега ми се потребни нови предизвици“, рече Сон и продолжи:
„Ова е најтешката одлука во мојот живот. Дојдов во Северен Лондон како момче, а си заминувам како млад човек. Им благодарам на сите навивачи на Спарс кои ми дадоа толку многу љубов“, додаде 33-годишникот.
Сон се приклучи на Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Тој има вкупно 454 настапи за англискиот клуб, постигнувајќи 173 гола и 101 асистенција. Минатата сезона, напаѓачот одигра 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола.
Се очекува Јужнокореецот да ја продолжи кариерата МЛС, тој е во преговори со Лос Анџелес.