Откако вчера Њукасл и официјално ја отфрли понудата на Ливерпул вредна 140 милиони евра за Александер Исак, денеска некои работи се менуваат. Имено Њукасл успеа да го победи Манчестер Јунајтед за Бењамин Шешко и за 75 милиони евра ќе го ангажира Словенецот.
Ова значи дека сега Исак може да си оди во Ливерпул, но прашање е по која цена.
Некои шпекулации велат дека Ливерпул ќе ја испрати својата втора понуда вредна 160 милиони евра до Њукасл, и дека оваа “страчките“ че ја прифатат. Ако се случи тоа тогаш тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Премиерлига и трет најголем во историјата на фудбалот.
Рекордот и натаму го држи ПСЖ кога за Нејмар на Барса и плати 222 милиони евра. Исто така ПСЖ е на втората позиција кога на Монако му плати за Мбапе 180 милиони евра.