Откако вчера Њукасл ја одби првата понуда на Ливерпул за Александер Исак, денеска различни информации доаѓаат од Островот. Имено “инсајдерите“ велат дека „Редси“ имаат намера да понудат дури 160 милиони евра за шведскиот напашаѓач. Од друга страна „сигурните информатори“ пренесваат дека Лверпул се откажал од Исак, и дека тој се помирил со судбината и дека ќе се врати во Њукасл. Да потсетиме дека Исак не е на турнејата на Далечниот исток со “страчките“.
Ако ова навистина се случи, тоагш Лиерпул има опција Б. А таа да се ангажира асот на Реал Мадрид, Родриго.
Тој и претходно се поврзуваше со трансфер вна „Енфилд“, а и Реал нема премногу да прави проблеми ако се знае дека “кралевите“ одредија 100 милиони евра за него.
Па така ако Исак не може да дојде на „Енфилд“, тогаш тоа најверојатно ќе го стори Бразилецот Родриго.