Реал Мадрид се откажа од идејата за купување на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе до крајот на овој летен преоден рок. Веста ја потврдија повеќе угледни медиуми.
„Кралскиот клуб“ понуди 180 милиони евра со бонуси за Мбапе и постави рок ПСЖ да одговори на оваа понуда. Парижаните не го испочитуваа рокот, па Реал се повлече од преговорите.
Сега мадридскиот клуб има намера да го контактира Мбапе во јануари и да му понуди прелиминарен договор. Тоа ќе му овозможи на Реал Мадрид бесплатно да го ангажира Французинот следното лето.