Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Романија (72:80) ги стартуваше претквалификациите за Светското првенство во 2027 година. Искуството дефинитивно недостасуваше на овој дуел, а нашите кошаркари беа блиску, но една-две топки на крајот решава.
„Тежок меч, физички захтевен, Романците беа подобри од нас, имаа повеќе офанзивни скокови, покажавме борба и енергија за жал тоа искуство фалеше, исто така не не посака топката во одредени ситуации. Но, јас лично се надевам дека јавноста ја препозна борбеноста, сите момци го оставија срцето на терен, верувам дека оваа енергија ќе ни се врати во следните натпревари“, изјави Адем Мекиќ. ,
Македонија следниот натпревар го игра на 8 август против Унгарија на гостински терен.