Манчестер Ј. му го продаде Даниел Џејмс на Лидс Ј.

755

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Даниел Џејмс денеска го напушти „Олд Трафорд“ и се преслеи на „Еланд Роуд“ во дресот на Лидс.

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, беше јасно дека 24-годишниот напаѓач не може да очекува стартно место во тимот, па затоа одлучи да замине во Лидс Ј. каде ќе треба да биде еден од главните фудбалери во изборот на Биелса.

Клубовите брзо се согласија, а вредноста на трансферот е 28 милиони евра. Напаѓачот ќе мине лекарски прегледи утре, а потоа трансферот ќе биде официјализиран.

ПретходноХамес на пат кон Милано
Следно„Специјална“ прослава на Мурињо по победата (ВИДЕО)