Обвинителството поведе постапка поради говор на омраза на мечот Македонија – Романија

218

Основното обвинителство во Куманово започнало предистражна постапка и му наложило на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на кошаркарскиот натпреварот меѓу Македонија и Романија во претквалификациите за СП 2027, биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица.

„Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија“, велат од Обвинителството.

Според информациите издадена е наредба да се прибават видеоснимки од надзорните камери за полесно идентификување на инволвираните лица. Мечот во саботата во кумановската сала заврши со победа на Романија од 72:80.

ПретходноПознати можните ривали на Шкендија во плеј-офот: Бодо, Селтик, Ц. Звезда…
СледноФудбалерот за кој велеа дека ќе биде најдобар во светот оди во пензија на 29 години?!