Само неколку часа откако стана јасно дека Реал Мадрид ги прекина преговорите со ПСЖ за Килијан Мбапе, вечерва од Франција стигнува вест дека “кралевите”, сепак, ќе купат нов фудбалер од Франција.
Станува збор за младата ѕвезда на Рен, Едуардо Камавинга, кој беше мета на Манчестер Јунајтед, но преговорите со англискиот клуб, скоро и да не започнаа.
Француски Канал Плус објави дека Камавинга веќе е на прегледи, а наскоро ќе се знаат и деталите од трансферот на “Бернабеу”.