Србија со најголеми шанси да го освои Евробаскетот!

121

По објавувањето на составите на земјите учеснички на претстојното Европско првенство, ФИБА Европа го скрои првиот список на Топ 10 селекции кои се најсериозни кандидати за освојување на златниот медал.

Првото место е за Србија која ќе има „Дрим тим“, предводник ќе биде Никола Јокиќ, тука е Богдан Богдановиќ, кој не крие дека сака да дојде до европска титула.

На второто место се најде Германија, по што следуваат Франција, Турција и Летонија во Топ 5. Бранителот на титулата Шпанија во овој поредок се најде на осмото место.

 

ПретходноГришикашвили: Едвај чекам да заиграм пред „Лозари“
СледноШкендија сака, Шкендија може, Шкендија оди по нова историја!