Босанскиот фудбалер Емрах Макич е ново име во редовите на Брера за новата првенствена сезона. Станува збор за 24 годишен фудбалер кој во својата кариера има играно за повеќе босански клубови а една сезона настапуваше и во хрватскиот фудбалско првенство. Макич кој доаѓа од второлигашот ОФК Градина од Сребреник игра дефанзива и во средниот ред и веќе пристапи на тренинзите на нашиот тим.
Емрах Макич во својата кариера има играно во Бихач, Раднички Лукавац, Горажде, а беше дел и во младинскиот тим на Сараево и Јајце. Се очекува во тимот на Брера да го даде максимумот на позициите кои игра и да даде свој придонес во остварување на целите на клубот.