Гонзало Гарсија добива нов договор и бројот 9 на дресот на Реал

119
фото: Real Madrid C.F. (X)

Новата млада фудбалска ѕвезда на Реал (М), Гонзало Гарсија е промовиран во првиот тим на „кралскиот клуб“. Фудбалерот кој блесна со своите голгетерски настапи на Светското клупско првенство го доби заслуженото место во првиот тим на шпанскиот гигант.

21-годишниот напаѓач ќе биде вклучен во составот од 25 играчи на мадридскиот клуб и наскоро ќе потпише нов договор.

Тековниот договор на Шпанецот е со важност до јуни 2027 година.

Според „Марка“, Хетафе се обидел  да го добие Гонзало пред Светското клупско првенство, но Реал не дозволил разговори за продажба. Претходно стана познато дека напаѓачот ќе го добие и  дресот со број 9 во Реал Мадрид, кој остана слободен.

ПретходноТ. Пролет ги почна подготовките и ги претстави четирите засилувања
СледноРистовски и Елези ќе имаат нов тренер во Сараево