Младинскиот репрезентативец на Македонија, Лука Ристовски, од денеска е нов одбојкар на Работнички Скопје. скопскиот прволигаш го претстави Ристовски како едно од новите засилувања пред стартот на новата сезона.
Младинскиот репрезентативец на Македонија последните две сезони ги помина во дресот на Штип УГД. Претходно играше и за екипата на Вардар.
„Горд сум што ќе ги бранам боите на Работнички. Ова е нов предизвик за мене и ќе дадам сè од себе во текот на целата сезона, заедно со клубот да стигнеме до врвот и да ја оствариме нашата заедничка цел – шампионска титула“, изјави Ристовски по промоцијата.