Македонскиот репрезентативен стопер, Никола Серафимов има нов клуб. Како што пренесуваат медиумите во Бугарија утринава, Македонецот е веќе во Софија каде треба да ги мине лекарските прегледи а потоа да стави потпис за Левски Софија и се разбир да биде претставен на јавноста како нов член на бугарскиот гигант.
Интересно е тоа што Серафимов денеска го слави својот 26 роденден.
Се пренесува и тоа дека има договор меѓу Фехервар и Левски, со оглед на тоа дека Серафимов сеуште е под договор со тимот од Унгарија, но за сега финансиските детали не се познати.
Покрај Фехервар, Серафимов играше и за Залаегерсег, Пелистер, Брера, Вардар…
За репрезентацијата на Македонија одигра 22 меча.