Македонската кошаркарска репрезентација го одржа единствениот денешен тренинг во Орадеа, каде што се подготвува за вториот меч со Романија в среда, од претквалификациите за СП 2027.
Нашите кошаркарски репрезентативци по поразот од Унгарија, се насочија кон корекција на пропустите од овој меч. Денеска и утре селекторот Илиевски закажа по еден тренинг за да ин даде простор на кошаркарите малку да соберат сила за дуелот во среда, кој се игра со почеток од 18 часот.