Играта лото не е само игра на среќа – тaа е дел од семејни традиции, лични приказни, но и симболички ритуали преку коишто на датумите од родендените и позначајните семејни настани им даваме дополнителна вредност, впишувајќи ги како среќни броеви што, можеби, ќе ни донесат и добивка. Најчесто комбинациите се состојат од значајни датуми, родендени на најблиските, годишнини, броеви што носат лична и семејна симболика. Секоја лото-комбинација носи повеќе приказни во едно. Секое осмислување на комбинација од 7 броеви е и забавен ритуал за поттикнување надеж низ забава проткаена со сонување и очекување на извлекувањето.
Нема да згрешиме ако кажеме дека со уплата од 30 денари за една лото-комбинација од 7 броеви, ние си купуваме мигови исполнети со надеж. Самото размислување: Што, ако…?, нѐ воведува во мечтаење и ни побудува убави чувства. Од моментот кога ќе им ги довериме своите желби на среќните броеви, до моментот на извлекување на добитните броеви од тековното коло, ние се дружиме со убави позитивни мисли.
Со среќата не се знае.
Уплатените 30 денари може и да не донесат добивка, но синџирот на надевање продолжува со учество во следното коло. Разочарување нема, како што нема ни поевтин начин за купување мигови на надеж и сонување, сѐ додека во играта се учествува умерено и од забава.
Од 2010 година до денес, секоја среда и сабота, илјадници граѓани низ државата го делат истото чувство, чувство на надеж, исчекување и подготвеност за радување. Лото 7 на Државна лотарија е најпопуларната игра на среќа, којашто е доследна на семејната традиција за креирање комбинации на среќни броеви, споделување надеж и планови и, секако, споделување радост при добивки. Од 2011 до 2024 година остварени се 28 седумки и досега се славеше во Битола, Куманово, Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Тетово, Струмица, Неготино, Кочани, Охрид и во Скопје (во скопските општини: Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и населбата Визбегово). Најголемата постигната 7-ка донесе над 1,7 милиони евра за 10 уплатени комбинации, во вкупна вредност од 300 денари, минатата година во Охрид.
Низ годините, „7-ка на лото“ прерасна во симбол на среќа. Лото-премија е нешто што често си го посакуваме себеси и на најблиските или го користиме како синоним за голем успех или голема среќа: „како 7-ка на лото“. Ги прашувавме добитниците на 7-ки – Какво е чувството при дознавање на добивката? Она во што сите се согласуваа е дека во првиот момент, радоста е подеднаква и за помала и за поголема добивка, сознанијата за големината на добивките доаѓаат подоцна со чувството за бенефициите и обврските што ги носи високата добивка. Сите се согласуваа и во тоа дека во среќата треба да се верува и треба да им се даде шанса на среќните броеви.
Играта на среќа лото е традиција што се протега низ генерации и негува исти вредности од времето на распишување тетратки до денешното дигитално време и можностите за онлајн учество.
Целта на овој текст е да ве потсетиме да проверите дали и во вашето семејство некој чува тетратка со студиозно испишани комбинации со среќни броеви за лото или стари лото ливчиња што чекаат да им дадете шанса. Проверете дали кај вас веќе постои семејна традиција за учество во играта на среќа лото (независно под кое име или формат била приредувана) или, можеби, таа ќе започне со вас.
Државна лотарија како одговорен приредувач на игри на среќа, за граѓаните над 18-годишна возраст, ја почитува традицијата и семејните вредности при избор на начин на забава. Како игра на среќа, којашто е репрезент на тој пристап е токму играта Лото 7, креирана по највисоки европски стандарди, а да одговори на критериумите, навиките и на големината на домашниот пазар. Учеството во играта е достапно на над 300 уплатно-исплатни места низ државата, а онлајн учеството е овозможено преку веб-страницата www.loto.mk. Извлекувањата се емитуваат во живо секоја среда и сабота на Канал 5 телевизија, од 20:00 часот. Со секоја уплатена комбинација се отвора можност за потенцијална добивка, но се дава и придонес кон општествено корисни цели.
Една комбинација со 7 среќни броеви во вредност од 30 денари е доволна за учество во едно коло од играта на среќа Лото 7. Доволна е за надеж и мечтаење. Доволна е за убави емоции, споделување желби и очекување. И за добивка! И за учество во креирање фонд за финансирање општествено корисни цели! А со вашето одговорно играње поддржувате и проекти од значење за заедницата во областа на науката и образованието, културата, спортот, животната средина, социјалата и развојот на заедницата. Државна лотарија е општествено одговорна компанија што ја вткајува одговорноста во секој сегмент на дејствување. Преку учество во игрите на среќа на Државна лотарија добиваат и играчите и заедницата. Со одговорно вклучување во играта на среќа Лото 7 се негува игра на среќа со семејни вредности, важни за семејството, но и за заедницата.