Македонската кадетска репрезентација конечно ја оствари првата победа на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. После четирите порази во низа, нашите кошаркари триумфираа против Словачка 60-84 во последниот меч од групната фаза. Македонија ќе заврши на претпоследното место, а со тоа ќе се бори да не се пресели во понизок ранг.
Што се однесува до мечот, кадетите разликата ја направија во првото полувреме по кое имаа позитива од 29-44, па воопшто не беше тешко да го одржат водството за да дојдат до првата радост.
Ѓиновски со 18 поени беше прв стрелец, зад него беа Беговски и Илиев со по 10 поени.