По вчера одиграните реванш натпревари од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите на УЕФА, украинскиот шампион Динамо Киев, кој беше последниот претставник на Украина во Лигата на шампионите, загуби од кипарски Пафос со 2:0 и беше елиминиран од натпреварувањето.
За првпат по цели 20 години Украина останува без свој претставник во главната фаза од најсилното европско натпреварување. Последен пат кога Украина немаше свој клуб во главната фаза од Лигата на шампините беше сезоната 2005/2006, кога исто така ниту еден украински клуб не успеа да ги мине елиминациите.
И во таа сезона Динамо Киев загуби во квалификациите од швајцарски Тун, а Шахтјор потоа беше елиминиран од милански Интер.