Еден од најдобрите фудбалери на белградска Црвена Звезда, Шериф Ендиаје, најверојатно ќе замине од Белград по дуелите кои „црвено-белите“ ги очекуваат со екипата на Пафос во плеј-офот во Лигата на шампионите. Центарфорот на Црвена Звездавеќе има усмен договор со тимот на Ал Џезира од Обединетите Арапски Емирати.
Според некои српски извори, белградскиот тим за него ќе заработи 10 милиони евра. Сенегалецот ќе добие зелено светло да замине, затоа што белградскиот состав успеа да го донесе Марко Арнаутовиќ, кој во иднина ќе го земе неговото место во тимот на српскиот шампион.