Фудбалерите на Тотенхем денес отпатуваа во Удине на натпревар против Пари Сен Жермен, кој ќе се игра денеска од 21 часот.
Фудбалерот на Тотенхем, Ив Бисума, е изоставен од составот за натпреварот поради дисциплински причини, односно поради постојано доцнење.
„Бисума не е тука поради дисциплински причини. Неколкупати задоцни, а последниот пат беше премногу. Мораме да даваме љубов и да имаме барања, но мора да постојат и последици. Постојат последици, кога ќе се вратиме дома ќе се занимаваме со тоа, сега го оставаме на страна“, изјави тренерот на Тотенхем, Томас Франк, пренесе Би-Би-Си.
Тренерот истакна дека пред тимот стои многу важен натпревар, но дека играчите не треба да бидат под притисок.
„Верувам во принципите, во структурите во тимот, офанзивно и дефанзивно. Сакам да имам јасна структура во првата и втората фаза кога ја градиме играта. Во третата фаза сакаме да го контролираме натпреварот и да постигнуваме голови. За клубот, за мене и за сите во Тотенхем, ова е огромен натпревар. Ова е голем предизвик и уште поголема можност. Јас гледам можности наместо притисок. Дефинитивно ќе го прифатиме тоа и ќе дадеме сè од себе“, додаде Франк.