Суперкуп на УЕФА: ПСЖ преку пенал-серијата до нов европски трофеј!

82
ФОТО: FC PSG/FB

Пеналите или пенал-серијата одлучија победник во Суперкупот на УЕФА да биде тимот на ПСЖ. Тимот од Париз губеше со 0:2, во самиот финиш успеа да се избори за пенали а таму со 4:3 беше подобар од Тотенхем и да дојде до нов пехар во Европа.

Тимот од Лондон има за што да жали, но самиот си е виновен. Ван де Вен и Тел не погодија за Тотенхем во пенал – серијата, успешни беа Бетанкур, Соланке и Поро, додека кај ПСЖ само Витиња во првата сериија го промаши цел гол, за да потоа Рамош, Ли, Дембеле и Мендеш беа успешни за трофеј во Суперкупот на УЕФА.

Интересно е тоа што Тотенхем имаше водство од 2:0 се до 85.минута кога Ли прво намали на 2:1, за да потоа Рамош во 90+4.минута ги постави конечните 2:2 во регуларниот дел.

Тотенхем во поголем дел од мечот беше подобар, имаше и повеќе шанси а тимот од Лондон со голот на Ван де Вен во 39.минута со 1:0. Во 48.минута значи, само што започна второто полувреме Тотенхем преку Ромеро дојде до 2:0.

Но, потоа “спарси“ непотребно се повлекоа и тука ПСЖ ја виде својата шанса која ја искористи за да дојде до пенали.

ПретходноКК Гостивар се пофали со Младеновиќ!(ФОТО)
СледноСтруга 2025: Бутел и Раднички ремизираа во драматичен меч!