И тоа каква “бомба“ на трансфер – пазарот за која денеска пишуваат на Островот и во Шпанија. Имено Тотенхем тргнува во офанзива и тоа за Дани Олмо. Изгледа неверојатно ако се знае што се Барса лани мораше да направи за да го регистрира шпанскиот репрезентативец кој се врати дома и тоа од Лајпциг, претходно играше и во Динамо Загреб.
Сега на потег се челниците на Барса, како и самиот Олмо. На Барса под итно и се потребни излезни трансфери, секако и пари за да може да ги регистрираат Гарсија и Рашфорд, а ако се знае дека во минатат сезона Олмо и не одигра којзнае како спектакуларно, тогаш лесно ќе биде да се склучи долгово со Тотенхем кој нуди 70 милиони евра.
Тотенхем бара замена за Медисон кој потешко се повреди и за него заврши сезоната.
Интересно, ако Барса го продаде Олмо за 70 милиони евра, тогаш 1,7 милиони евра ќе добие и Динамо Загреб.