Реал Мадрид денеска со специјална церемонија и секако прес – конференција го претстави едно од своите најголеми засилувања ова лето, а тоа младиот аргентински напаѓач Франко Мастантуно или како што го викаат – аргентинското чудо од дете.
Токму денеска Франко наполни 18 години, па така Реал Мадрид на овој начин му го честиташе полнолетството на својот нов офанзивец.
Мастантуно ќе го носи дресот со бр.30, а покрај другото тој кажа дека со ова е остварен неговиот сон – да го облече дресот на најголемиот клуб.
„Ветувам дека ќе го дадам и својот живот за овој дрес“ потенцираше младиот Аргентинец на кого му предвидуваат блескава иднина.
M A S T A N T U O N O 🤝 3️⃣0️⃣#WelcomeMastantuono | @adidasfootball pic.twitter.com/uePSfyL1zf
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) August 14, 2025