Раководството на ТФТ не мирува ова лето кога станува збор за засилувањата. Па така членот на кошаркарската Суперлига попладнево се пофали дека успеал да го ангажира Милош Кнежевиќ (19). Со него е договорена двегодишна соработка.
Кнежевиќ досега во својата куса кариера натапувал за екипите на Работнички, Водњански Лисици и Бутел, од каде и што направи трансфер во таборот на ТФТ.