На 20. август, од 19. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Македонија ја пречекува селекцијата на Унгарија, во последното коло од групата „E“ од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
Продажбата на влезниците за овој кошаркарски натпревар ќе се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“.
„Дојдете да победиме заедно“, побарај влезници во МKTICKETS.MK – порачуваат од Кошаркарската федерација на Македонија.
Ова ќе биде меч за докажување на “новата“ Македонија, шанса за младите репрезентативци да одиграат добар натпревар пред македонските фанови.